Grace Disgraced имаат нов албум

Grace Disgraced имаат нов албум

Grace Disgraced се луди Руси од Москва. Постојат 15-тина години и ја имаат собрано сета ука од најдобрите метал музички умови, поточно Death, Pestilence, Atheist и по малку можеби Arch Enemy (ова најмногу заради вокалката). Како и да е, нивниот нов албум „Immortech“ излезе на 30 јуни, а сега веќе имаме можност да го преслушаме цел. Одличен, одличен бенд.