Ihsahn има нова песна

Ihsahn има нова песна

Ihsahn најавува ново ЕР издание за септември. Арно ама не остава ништо на случајноста, т.е стримува една песна од изданието. Станува збор за поп рок лајтерицата „Spectre at the Feast“ за која, да бидам искрен, не знам што да кажам. Како да очекував во секој момент да се појави некоја ѓаолштина ама песната си истера до крај во истиот муд. Не дека е лошо ама ме изненади. Од причина што мајсторот го знаеме долго време мислам дека рано е да се суди, на крајот на краиштата човекот секогаш знаел да се изразува концептуално и смислено. Можеби ако го имаше текстов од песната, сликата ќе беше поцелосна. Но, септември не е далеку, така што…