Интересен блек метал

Интересен блек метал

Nyrst доаѓаат од Рејкјавик, Исланд. Инаку станува збор за блек метал бенд кој годинава дебитира со албумот „Orsök“ кој излезе пред неколку недели. „Orsök“ звучи моќно, атмосферично, мрачно и енергично во исто време. Особено ми е интересно како е поставен вокалот продукциски, тоа ми дава посебен шмек. Како и да е, во продолжение го имате цел албум на располагање.