Најпосле, нешто ново и од Heathen

Најпосле, нешто ново и од Heathen

Heathen како да ги темпираат албумиве, по еден на десет години. Новиот албум „Empire of the Blind“ ќе излезе во септември. А за да не чекаме и да не се прашуваме како звучи, ветераните стримуваат песна од албумот. Станува збор за „The Blight“, која, да бидам искрен, не ми звучи убедливо. Сè е тука, карактеристичното нивно мелодично трешерство, супер продукција ама нешто како да ми фали. Ќе почекам да излезе албумот за да оформам мислење. Heathen ми се топ бенд и немаат направено утка, па така песнава ќе ја третирам како изолиран случај. Како и да е, после десет години пост, одлично е што може да се слушне нешто ново од нив.