Одличен индиски дет метал

Одличен индиски дет метал

Мислам дека ова е првиот индиски метал бенд што сум го слушнал. Dead Exaltation постојат од 2015 година ама првото издание се појавува сега (пред десетина дена). Станува збор за одличниот „Despondent“ кој има девет одлични дет метал песни во технички манир. А звукот е само одлична финеса кој дава посебен шмек на целината. Во продолжение, целиот албум.