Одличен, одличен блек метал

Одличен, одличен блек метал

Aversio Humanitatis се шпански блек метал бенд, поточно доаѓаат од Мадрид. Пред неколку дена излезе нивниот нов албум „Behold the Silent Dwellers“, кој звучи пеколно добро. Енергичен блек метал со одлична масна продукција (поточно, гитарскиот дел). Имаме можност да ја слушнеме „The Wanderer of Abstract Paths“. Албумот се слуша во еден здив бидејќи има „само“ шест песни.