The Dead Daisies имаат нов сингл

The Dead Daisies имаат нов сингл

The Dead Daisies е ветеранска американско-австралиска екипа која постои од 2013, иако нејзините членови имаат дебели музички досиеја, на пример, Глен Хујз свирел со Black Sabbath, Deep Purple, Satriani; Даг Алдрич со Whitesnake, DIO; Дин Кастроново свирел со Fear factory, Steve Vai, Ozzy Osbourne итн итн итн. Како и да е, The Dead Daisies од 2013 па наваму имаат четири студиски албуми, а петтиот „Holy Ground“ веќе го најавија. Имаме можност да го слушнеме одличниот сингл „Unspoken“. Не знам зошто ама песнава како да ми ги содржи сите рефрени од „Worship Music“ на Anthrax од 2011 година. Интересен флешбек. Да не должам, песната – во прилог.