Уште малку дет метал за денес

Уште малку дет метал за денес

Obscene се американски дет метал бенд ама веројатно ученици на холандската дет метал школа (а ла Hail of Bullets и Asphyx). Нивниот прв албум „The Inhabitable Dark“ излегува задутре а имаме можност и да слушнеме како звучи. Мене ак ме најдовте, песната ги има сите добри состојки за одлично дет метал издание. Многу добра песна, уште подобра снимка ко за прво издание. Секоја чест.