За оние со помодерен вкус

За оние со помодерен вкус

Drops of Heart се руски металкор бенд кој постои 12 години. Досега имаат неколку периферни изданија, еден албум на руски и вториот „Stargazers“ кој официјално излегува денес како независно издание и тоа на англиски јазик. Станува збор за модерен металкор испреплетен со Machine Head, In Flames па дури и Soilwork и Crematory(?) влијанија (а, поупатените веројатно ќе слушнат многу повеќе од мене). Како и да е, во продолжение можете да го преслушате албумот во целост. Хинт: не знам дали е до мене ама песниве иако се именувани со англиски наслови, пеењето т.е изговорот ми делува руски.