'Urd' е името на новиот албум на Borknagar

'Urd' е името на новиот албум на Borknagar

Норвежаните Borknagar завршија со работа на нивниот нов албум “Urd” кој ќе излезе на крајот на март оваа година.
За албумот зборува Øystein G. Brun: „Новиот албум беше завршен некаде кон средината на декември. Потрошивме цели шест месеци за снимање, продукција и микс. На него работев секој ден од јуни 2011 па наваму, снимање и едитирање. “Urd” е сигурно врвот на нашето музичко патување и екстремно сме горди што го направивме овој џин од албум! Масивен, емоционален, брз, бавен, епски и прогресивен… Ги има сите состојки кои ги вградивме во нашиот музички свет! Да не ги споменувам вокалите, „златната тројка“ (Vintersorg, Mr Vortex и Lazare) кои навистина му даваат сјај на овој албум… Дали треба да се каже уште нешто повеќе?“