God Forbid со нов албум!

God Forbid со нов албум!

God Forbid ќе го издадат својот нов албум, со наслов “Equilibrium”, на 27-ми март преку Victory Records.
Во врска со албумот, гитаристот Doc Coyle вели: „На новиот албум се фокусиравме на пишување на стегнати, метал песни. Има навистина брзи и супер тешки, groovy песни – некои од највпечатливите, најмелодичните кои воопштео сме ги направаиле. Сакавме модерен, но organic-sounding албум кој ќе биде стегнат но сепак ќе го задржи интензитетот на бендот. Албумот звучи страшно.“
Coyle зборува и за темата на албумот, „Насловот на албумот кажува се – се работи за наоѓање на сопствениот пат кога си изгубен. Текстовите произлегуваат од многу лично, вистинско место. Темата која се провлекува низ албумот претставува секојдневна борба во животот и што се треба за таа да се одржи.“