Monstrosity - Live Apocalypse DVD

Monstrosity - Live Apocalypse DVD

Monstrosity ќе го издадат своето прво DVD преку Conquest Music Inc. на 13 март оваа година. Изданието вклучува експлозивен сет, снимен на легендарниот Brutal Assault фестивал во Jozefov, Чешка. Исто така, на него ќе се наоѓаат интервјуа, снимки од настап во Јужна Америка, снимки од проби и снимки од снимањето на албумот “Spiritual Apocalypse”.
Новиот албум на Monstrosity може да се очекува кон крајот на 2012 година.